1 Коринтјаните 15:35-50 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

35. Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?

36. Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре.

37. А кога сееш, не го сееш телото, кое тре­ба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго;

38. но Бог му дава тело, какво што са­ка, и тоа на секое семе негово сопствено тело.

39. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на жи­вотно, друго на риба, друго на птица.

40. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните;

41. друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува.

42. Така е и со воскресението на мрт­ви­те: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање;

43. се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила;

44. се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.

45. Па така е и напишано: „Првиот чо­век Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух.

46. Но не е прво духовното, туку душев­ното, а потоа духовното.

47. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.

48. Каков е земјениот, такви се и земје­ните; и каков е Небесниот, такви се и небесните;

49. и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.

50. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат цар­ството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.

1 Коринтјаните 15