29. Инаку, што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите не воскреснуваат, зошто тие тогаш се крштеваат за нив?
30. Зошто, пак, и ние секој час се подложуваме на опасност?
31. Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша, која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ.
32. Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“
33. Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!“
34. Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не знаат за Бога – за ваш срам го велам ова.
35. Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?
36. Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре.
37. А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго;
38. но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело.
39. Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица.
40. Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните;
41. друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува.
42. Така е и со воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање;