1 Коринтјаните 15:25-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“

26. А како последен непријател ќе биде уништена смртта,

27. зашто „сите ги покори под нозете Негови“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему покорено“, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини сѐ.

28. Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ.

1 Коринтјаните 15