1 Коринтјаните 15:21-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. Бидејќи смртта дојде преку чо­ве­кот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек.

22. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат ожи­ве­ани;

23. но секој по свој ред: Христос е пр­виот плод; потоа, при Неговото до­аѓа­ње, ќе воскреснат сите што се Хрис­тови.

24. А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила.

25. Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“

1 Коринтјаните 15