16. Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал;
17. ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови;
18. тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале.
19. И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.
20. Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првина за упокоените.
21. Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек.
22. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани;
23. но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови.
24. А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила.
25. Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.“
26. А како последен непријател ќе биде уништена смртта,
27. зашто „сите ги покори под нозете Негови“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему покорено“, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини сѐ.