1 Коринтјаните 14:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Така и вие, ако со јазикот свој не из­говарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер.

10. Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без зна­че­ње.

11. Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што збо­рува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене туѓинец.

12. Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги до­биете во изобилство, за надградување на Црквата.

13. Затоа, оној што зборува на друг ја­зик, нека се моли за дар да може да го толкува.

1 Коринтјаните 14