1 Коринтјаните 14:30-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. Но, ако на некој друг што седи му дојде откровение, тогаш првиот нека замолчи.

31. И така, еден по друг можете сите да пророкувате, та сите да се поучувате и сите да се охрабрувате.

32. И пророчките духови им се покоруваат на пророците;

33. зашто Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Како што е по сите црк­ви меѓу светиите,

34. жените ваши по црквите да молчат: ним не им е допуштено да зборуваат, туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.

1 Коринтјаните 14