1 Коринтјаните 14:17-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Ти благодариш убаво, но другиот не се надградува.

18. Му благодарам на Мојот Бог, зашто зборувам на други јазици повеќе од сите вас;

19. но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.

20. Браќа, по умот немојте да бидете како деца; за злото бидете како дечиња, а по умот зрели.

21. Во Законот е напишано: „На други јазици и со друга уста ќе му зборувам на овој народ, но и така нема да Ме пос­лу­ша, вели Господ.“

1 Коринтјаните 14