1 Коринтјаните 12:18-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што по­са­кал.

19. Ако сите тие би биле само еден дел, тогаш каде е телото?

20. А сега се, пак, многу делови, но се­пак едно тело.

21. И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, ниту, пак, гла­вата на нозете: „Не сте ми потребни“.

22. Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу по­потребни;

23. и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им од­да­ваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност.

24. Пристојните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил те­лото така, што им дал изобилна почит, на органите што ја немаат.

25. За да нема раздори во телото, но де­ловите подеднакво да се грижат едни за други.

26. А кога страда еден дел, тогаш стра­даат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови.

27. Вие сте телото Христово, а поодделно – членови.

28. И некои од вас Бог постави во Црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па за по­магање, за управување и за зборување на разни јазици.

29. Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?

30. Сите ли имаат дарба да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Си­те ли се толкувачи?

31. Стремете се кон поголеми дарби. А сега ви покажувам еден многу по­воз­ви­шен пат:

1 Коринтјаните 12