15. Ако ногата рече: бидејќи не сум рака, не сум дел од телото, зар само заради тоа таа не припаѓа на телото?
16. И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум дел од телото, зар поради тоа увото не припаѓа на телото?
17. Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисот?
18. Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што посакал.
19. Ако сите тие би биле само еден дел, тогаш каде е телото?
20. А сега се, пак, многу делови, но сепак едно тело.
21. И не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна“, ниту, пак, главата на нозете: „Не сте ми потребни“.
22. Напротив, оние делови од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни;
23. и на оние делови на телото, за кои сметаме дека се помалку чесни, им оддаваме повеќе почит; и нашите срамни делови добиваат поголема пристојност.
24. Пристојните, пак, делови немаат потреба од чест. Но Бог го составил телото така, што им дал изобилна почит, на органите што ја немаат.