1 Коринтјаните 11:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот;

9. и мажот не е создаден за жената, ту­ку жената за мажот.

10. Затоа жената треба да има на гла­вата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите.

11. Па сепак, ниту жена е без маж, ни­ту маж е без жена во Господ.

12. Зашто, како што е жената од ма­жот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога.

13. Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава?

14. Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса?

1 Коринтјаните 11