1 Коринтјаните 11:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, ви­новен ќе биде спрема телото и крвта на Господ.

28. Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша.

29. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.

30. Па затоа меѓу вас има многу не­моќ­ни и нејаки, а мнозина и умираат.

31. Зашто, ако бевме се испитувале са­ми себе, тогаш немаше да бидеме осуде­ни.

1 Коринтјаните 11