1 Коринтјаните 11:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Угледајте се на мене, како и јас на Христа!

2. Ве пофалувам, браќа, зашто во сѐ си спомнувате за мене и ги држите пре­да­нијата така како што сум ви ги предал.

3. Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жената ма­жот е глава; на Христос, пак, глава е Бог.

4. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава;

5. а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто тоа е исто како да е истрижена.

6. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива.

7. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот.

8. Зашто не е мажот од жената, туку жената од мажот;

9. и мажот не е создаден за жената, ту­ку жената за мажот.

10. Затоа жената треба да има на гла­вата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите.

11. Па сепак, ниту жена е без маж, ни­ту маж е без жена во Господ.

12. Зашто, како што е жената од ма­жот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога.

1 Коринтјаните 11