1 Коринтјаните 10:16-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Чашата на благословот, која ја бла­гословуваме, не е ли заедништво со крв­та Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?

17. Бидејќи лебот е само еден, едно те­ло сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.

18. Гледајте го Израил според телото: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници со жртвеникот?

19. А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто?

20. Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните.

21. Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не мо­жете да учествувате на Господовата тр­пеза и на трпеза на демоните.

22. Дали, пак, ќе побудиме завист во Господ? Та посилни ли сме од Него?

23. „Сѐ е допуштено!“ Но не е сѐ полез­но: „Сѐ е допуштено!“ Но сѐ не се наг­радува.

24. Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот.

25. Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста;

26. зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“

27. Ако ве покани некој од безверните и вие посакате да одите, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.

28. Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и поради совеста. Зашто „Господова е земјата и она што ја ис­полнува.“

29. Но не зборувам за совеста твоја, ту­ку на друг; зошто мојата слобода да би­де судена од туѓа совест?

30. Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен по­ради тоа, за кое благодарам?

31. И така било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа правете го за слава Божја.

32. Не станувајте соблазна ни за Јудејците, ни за Елините, ниту за црквата Божја,

1 Коринтјаните 10