1 Јован 5:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.

19. Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.

20. Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Не­го­виот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен.

21. Чеда, пазете се од идолите. Амин!

1 Јован 5