14. Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот.
15. Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.
16. Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.
17. А светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека.