1. Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро.
2. За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите.
3. Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.
4. Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет,
5. кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.