Римјаните 9:32-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Зошто? Затоа што не се потпираа на верата, туку мислеа дека со сопствените постапки ќе можат да се здобијат со праведност. Тие се препнаа од „каменот за сопнување.“

33. Бог ги предупреди на ова преку напишаното во Светото Писмо: „Еве, во Ерусалим ќе поставам Камен од кој некои луѓе ќе се сопнат, Карпа од која ќе се соблазнат, а оние што ќе поверуваат во Него, нема да се разочараат.“

Римјаните 9