Римјаните 9:15-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. На Мојсеј Бог му рече: „Спрема кого сакам ќе имам милост, спрема кого сакам ќе се сожалам.“

16. Значи, Божјиот избор е резултат на Неговата милост, а не е заслуга на оние што сакале или пак на оние што вложувале сопствени напори.

17. Светото Писмо кажува дека Бог вака му рече на фараонот: „Те направив цар, за да се покаже над тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата Земја.“

18. Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.

19. Несомнено некој ќе рече: „Зошто тогаш Бог смета дека одговорноста е кај луѓето? Кој може да се противстави на она што Бог наумил да го стори?“

20. Но кој си па ти, човеку, да Му приговараш на Бог!? Зар ракотворбата ќе му приговори на мајсторот: „Зошто си ме направил ваква?“

21. Зар грнчарот нема право од иста смеса глина да направи еден сад за благородна, а друг за неблагородна употреба?

22. Бог има право да го излее Својот гнев и да ја покаже Својата сила, но има право и да биде долготрпелив спрема оние на кои им е гневен, луѓе кои самите се подготвиле за сопствено уништување.

Римјаните 9