Римјаните 8:23-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Не само светот, туку стенкаме и ние христијаните, кои го имаме Светиот Дух во нас и ги уживаме првите плодови на славата што ќе дојде. И ние во себе стенкаме, желно очекувајќи Бог да ни го даде сето она што како на Негови деца ни следува, вклучувајќи ги тука и новите тела што Бог ни ги вети.

24. Сега кога сме спасени, желно ја очекуваме таа слобода. Тоа значи дека таква слобода се уште немаме. Зошто, инаку, некој би очекувал нешто што веќе го има!?

25. Но, во очекување на она што се уште го немаме, треба трпеливо и со доверба да го очекуваме.

Римјаните 8