15. Сам себеси не можам да се разберам. Не го правам тоа што го сакам, туку она што го мразам.
16. Со самото тоа што ме гризе совеста кога правам грев, јас се согласувам со Божјиот Закон и потврдувам дека тој е добар,
17. но, не успевам да се противставам, бидејќи гревот е во мене и ме тера да грешам.
18. Свесен сум дека во мене, односно во моето тело, нема сили за ништо добро. Желба за добро има во мене, но не и сила да го извршам.
19. Не го правам тоа што е добро, како што би сакал, туку го правам она што не го сакам, она што е грешно.
20. Но штом не го сакам она што го правам, не сум веќе јас тој што го прави тоа, туку гревот што живее во мене.
21. Сфатив дека по правило вака испаѓа, кога сакам да постапам добро, ми се наметнува грешното и тоа го правам.