Римјаните 6:20-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Кога му бевте робови на гревот, вие не водевте сметка дали тоа што го правите е праведно.

21. Каков беше исходот од тоа што го правевте? Сега се срамите од тие постапки, кои ве водеа во сигурна смрт!

22. Но откако бевте ослободени од власта на гревот и Му станавте робови на Бог, вашите постапки сега ве водат кон свето живеење, а крајниот исход за вас ќе биде добивање на вечен живот.

23. Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.

Римјаните 6