Римјаните 6:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Што да кажеме на ова? Треба ли да продолжиме да грешиме, за Бог да стане уште поблагонаклонет спрема нас?

2. Никако! Ние сме веќе мртви за гревот. Како би можеле тогаш да продолжиме да живееме во грев?

3. Зар не знаете дека сите што се крстивме, идентификувајќи се така со Исус Христос, преку крштавањето „умревме“ заедно со Него?

4. Кога се крстивме, ние „умревме“ и бевме „погребани“ заедно со Исус. Па како што Христос потоа воскресна од мртвите со помош на величествената сила на небесниот Татко, така и ние, по крштавањето да зачекориме во еден нов живот.

Римјаните 6