Римјаните 5:2-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Благонаклоноста на Бог спрема нас, која сега ја уживаме, ја добивме преку вера во Исус Христос. Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме и ние да ја споделуваме Божјата слава.

3. Но тоа не е се. Ние ја гледаме светлата страна и кога поднесуваме неволи, свесни дека преку неволи се здобиваме со трпеливост,

4. трпеливоста гради цврст карактер, а карактерот ни ја одржува надежта

5. што никогаш нема да не разочара. Темел на нашата надеж ни е Божјата љубов што веќе е влеана во нашите срца, со посредство на Светиот Дух.

Римјаните 5