18. Значи, како што еден престап доведе до осуда на сите луѓе, така преку едно праведно дело дојде до оправдување што им носи живот на сите луѓе.
19. Како што преку непослушноста на еден човек многумина станаа грешници, така преку послушноста на еден човек многумина ќе станат праведници.
20. Божјиот Закон беше даден за да видат луѓето колку нараснал гревот. Но иако гревот многу нарасна, Божјата милостива благонаклоност се покажа поголема.
21. Како што гревот владееше над сите луѓе и ги водеше во смрт, така сега владее Божјата чудесна благонаклоност, која ни подари праведност преку нашиот Господ, Исус Христос, и затоа ние ќе добиеме вечен живот.