2. Ако Авраам стекна праведност пред Бог врз основа на своите добри дела, тој ќе имаше причина да се фали пред луѓето, но не и пред Бог.
3. Светото Писмо вели: „Авраам Му поверува на Бог, и Бог му ја припиша неговата вера како праведност.“
4. Кај луѓето, кога некој вложува свој труд, наградата што му се дава не претставува подарок, туку обврска.
5. Но пред Бог, оној што не се потпира врз својот труд и постигања, туку што верува во Оној што ги оправдува грешниците, неговата вера му се смета како праведност.
6. Еве што вели и царот Давид кога опишува колку е среќен оној човек кого Бог го смета за праведен, но не врз основа на дела извршени според барањата на Законот:
7. Среќен е оној, на којшто престапот му е простен, чиј грев е покриен!
8. Среќен е човекот кого Господ за грев не го обвинува.“