18. Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци!“
19. На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка.
20. Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог.
21. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.
22. Затоа тоа му се припиша како праведност.
23. Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам,