Римјаните 4:17-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. На тоа се мисли во Светото Писмо кога Бог му рече на Авраам: „Те направив татко на многу народи.“ Авраам Му поверува на Бог, на Оној што мртви оживува и со збор го создава тоа што дотогаш не постоело.

18. Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци!“

19. На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка.

20. Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог.

21. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.

22. Затоа тоа му се припиша како праведност.

23. Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам,

Римјаните 4