Римјаните 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Тогаш, во што е предноста да се биде Евреин? Има ли обрежувањето некаква вредност?

2. Предноста е голема, во секој поглед! Како прво, Светото Писмо им беше доверено на Евреите.

3. Навистина, некои од нив ја изневерија Божјата доверба, но дали тоа значи дека и на Бог не може да Му се верува?

4. Секако не! Дури и сите луѓе да испаднат лажливци, на Бог може да Му се верува, како што стои запишано во Светото Писмо: „Ќе се покаже дека вистината ја зборуваш, пред судот победа ќе извојуваш.“

Римјаните 3