Римјаните 2:23-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Толку се фалиш со Божјиот Закон, а го прекршуваш, и Му нанесуваш срам на Бог!

24. Токму така и стои запишано во Светото Писмо: „Поради вас другите народи го навредуваат Божјото име!“

25. Од еврејскиот обичај на обрежување има полза само ако се придржуваш кон Божјиот Закон. Ако го прекршуваш, твоето обрежување е безвредно.

26. Затоа, ако необрезан човек се придржува кон Божјиот Закон, зарем нема да се смета за еднакво добар со обрежаните?

27. Оние што телесно не се обрежани, а се придржуваат кон Божјиот Закон, ќе ве судат вас кои, иако го имате Божјиот Закон во пишана форма и сте обрежани, сепак го прекршувате.

Римјаните 2