9. Поздравете го Урбан, наш соработник во Христовото дело; поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.
10. Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос. Поздравете го семејството на Аристобул.
11. Поздравете го мојот роднина Иродион. Поздравете ги христијаните од семејството на Наркис.
12. Поздравете ги Трифен и Трифос, кои трудољубиво работат за Господ. Поздравете ја мојата драга пријателка Персида, која многу работеше за Господ.
13. Поздравете го Руф, избраник на Господ. Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка.
14. Поздравете ги Асинкрит, Флегон, Ермин, Патроб, Ерман и нашите пријатели христијани што се со нив.