Римјаните 16:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Поздравете ги моите роднини Андроник и Јуниј, со кои заедно бевме в затвор. Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници.

8. Поздравете го мојот драг пријател во Господ, Амплијат.

9. Поздравете го Урбан, наш соработник во Христовото дело; поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.

10. Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос. Поздравете го семејството на Аристобул.

Римјаните 16