16. Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Примете поздрави од сите Христови цркви.
17. Ве предупредувам, драги пријатели христијани, да се пазите од оние што предизвикуваат поделби и сомнежи, што ве учат на работи спротивни на учењето што го примивте. Избегнувајте ги!
18. Таквите луѓе не му служат на нашиот Господ Христос, туку им служат само на сопствените апетити. Преку лицемерни говори и ласкање тие ги заведуваат простодушните.
19. А за вас насекаде се слуша дека сте Му послушни на Бог, и тоа посебно ме радува. Би сакал да бидете бистри за она што е добро, а невини за се што е зло.
20. А Бог, Кој е извор на мирот, брзо ќе го сотре Сатаната и ќе го фрли под вашите нозе! Нашиот Господ Исус нека ви биде благонаклонет.