10. Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос. Поздравете го семејството на Аристобул.
11. Поздравете го мојот роднина Иродион. Поздравете ги христијаните од семејството на Наркис.
12. Поздравете ги Трифен и Трифос, кои трудољубиво работат за Господ. Поздравете ја мојата драга пријателка Персида, која многу работеше за Господ.
13. Поздравете го Руф, избраник на Господ. Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка.
14. Поздравете ги Асинкрит, Флегон, Ермин, Патроб, Ерман и нашите пријатели христијани што се со нив.
15. Поздравете ги Филолог и Јулија, Нереј и неговата сестра, Олимп и сите Божји луѓе што се со нив.
16. Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Примете поздрави од сите Христови цркви.