30. Драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос и заради љубовта што Светиот Дух ви ја дава, ве молам да ми се придружите во борбата што ја водам со тоа што ќе Му се молите на Бог за мене.
31. Молете се Бог да ме заштити од оние луѓе во Јудеја што одбиваат да Му се покорат на Бог, а и за тоа христијаните во Ерусалим да го прифатат прилогот што им го носам.
32. Така, исполнет со радост, да дојдам кај вас и, ако е Божја волја, меѓусебно да се освежиме.
33. Дотогаш Бог, Кој е извор на мир, нека биде со сите вас. Амин.