Римјаните 14:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог. Слобода, но и одговорен однос

13. Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други! Да се трудиме да не им поставуваме сопки и стапици на другите христијани.

14. Знаејќи го учењето на Господ Исус, јас сум убеден дека нема забранета храна поради верски причини. Меѓутоа, ако некој смета дека не треба да јаде извесен вид храна, тој од неа се гнаси.

15. Затоа, ако со храната што ти ја јадеш ги повредуваш чувствата на некои христијани, ти не постапуваш со љубов. Христос умре за нив. Немој поради храна да уништиш некоја душа за која Христос умре!

Римјаните 14