Римјаните 14:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Прифатете ги оние христијани кои имаат послаба вера, без да ги осудувате за тоа што по одредени прашања имаат поинакво мислење од вас.

2. На пример, некој верува дека смее да јаде се. Друг, пак, затоа што има послаба вера, смета дека смее да јаде само растителна храна.

3. Оној што јаде се не треба да го презира оној што не јаде се и обратно. Бог ги прифаќа и едните и другите.

Римјаните 14