Римјаните 13:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог.

2. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет.

3. Органите на власта не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат.

Римјаните 13