Римјаните 12:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.

13. Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви.

14. Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги.

15. Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат.

16. Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете!

17. Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро.

18. Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе.

Римјаните 12