Римјаните 12:11-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со пламенен дух.

12. Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.

13. Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви.

14. Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги.

15. Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат.

16. Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете!

Римјаните 12