Римјаните 11:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Вие сте како гранки од дива маслинка, накалемени на питомо дрво. Некои гранки беа откршени, а вие го зазедовте нивното место и сега заедно ги уживате благодатите од сочниот корен на питомата маслинка.

18. Немојте да мислите дека вие сте подобри од гранките што беа откршени! Не заборавајте дека не сте вие тие што го одржуваат коренот, туку тој вас ве одржува во живот!

19. Можеби ќе речете: „Тие гранки беа откршени за да направат место за нас!“

Римјаните 11