Римјаните 1:17-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Таа ни открива дека Бог не оправдува само преку вера. Токму тоа и го пишува во Светото Писмо: „Праведникот ќе живее преку вера.“

18. Бог го излева Својот гнев од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што ја отфрлаат вистината,

19. затоа што тие го имаат неопходното знаење за Бог, Кој кај сите нас го има всадено тоа знаење.

20. Она што кај Бог е невидливо, имено Неговата вечна моќ и божествена природа, можат јасно да се согледаат уште од создавањето на светот и да се разберат преку се што е создадено. Затоа нема оправдување за оние што немаат почит спрема Бог.

21. Значи, тие знаат за Бог, но ниту Го почитуваат како Бог, ниту Му се благодарни. Напротив, си измислија свои богови, а умовите им се помрачија и збркаа.

22. Се сметаа за мудри, но испаднаа глупави.

Римјаните 1