5. Потоа ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со жар од жртвеникот и го истури врз Земјата. Од тоа зататнеа грмотевици, болснаа молскавици, а Земјата почна да се тресе.
6. Седумте ангели кои ги имаа седумте труби се подготвија да затрубат.
7. Првиот ангел затруби и врз Земјата се истурија град и оган, измешани со крв! Од нив се запали една третина од Земјата и изгоре една третина од дрвјата и сето зеленило.
8. Вториот ангел затруби и нешто како пламната гора беше фрлено во морето. Од тоа, една третина од морето се претвори во крв,
9. една третина од живиот свет во морето изгина и една третина од бродовите потонаа.
10. Третиот ангел затруби и од небото падна една голема ѕвезда. Таа гореше како факел и падна врз една третина од реките и изворите. Ѕвездата беше наречена Пелин
11. и од неа стана горчлива една третина од водата за пиење. Голем број луѓе изумреа од горчливата вода.
12. Четвртиот ангел затруби и една третина од Сонцето, една третина од Месечината и една третина од ѕвездите беа погодени и сите тие загубија по една третина од својата светлина. Така и една третина од денот и една третина од ноќта останаа без светлина.
13. Во моето видение тогаш забележав еден орел како лета високо сред небото. Орелот громогласно извикуваше: „Тешко, тешко, тешко на жителите на Земјата од трубењето на следните тројца ангели!“