1. Кога Јагнето го отвори седмиот печат, на небото настапи полчасовен молк.
2. Потоа забележав дека на седумте ангели што стоеја пред Бог им беа разделени седум труби.
3. Во тој момент еден друг ангел, кој носеше златна кадилница, дојде и застана врз жртвеникот. Нему му беше дадено големо количество темјан да го принесе заедно со молитвите на Божјите луѓе, на златниот жртвеник, пред престолот.