Откровение 7:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Сите ангели, кои стоеја околу престолот, околу старешините и околу четирите суштества паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог,

12. велејќи: “Амин! На нашиот Бог Му припаѓа благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, власт и моќ! Амин!“

13. Еден од старешините ме праша: „Знаеш ли кои се и од каде доаѓаат овие што се облечени во бели облеки?“

Откровение 7