Откровение 6:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Ѕвездите од небото испопаѓаа по Земјата, како што паѓаат смокви под дејство на силен ветер.

14. Небото се свитка како хартија и исчезна, а сите планини и острови се изместија.

15. На Земјата сите цареви, великани, воени команданти, богати и влијателни луѓе, робови и слободни - сите се засолнуваа во пештери и во засолништа под планините.

16. Тие им довикуваа на планините и на карпите: „Урнете се врз нас и затрупајте не, скријте не од лицето на Оној што седи на престолот и од лутиот гнев на Јагнето!

17. Зашто дојде страшниот ден на Нивниот гнев и кој може да го издржи!?“

Откровение 6