Откровение 3:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Бидејќи вие бевте послушни спрема Мојата порака и издржавте, затоа Јас ќе ве заштитам од времето на искушение што ќе ги зафати сите жители на Земјата.

11. Ќе се вратам набргу! Задржете го цврсто она што го имате и никој нема да ви го земе венецот што ќе го добиете како награда!

12. Секој што ќе излезе како победник ќе стане столб во Храмот на Мојот Бог. Никој не ќе може да го избрка оттаму! Врз секој од нив ќе напишам дека Му припаѓа на Бог и дека е жител на Божјиот град - новиот Ерусалим, што слегува од небото, откај Мојот Бог. Тие ќе го носат на себе Моето ново име.

Откровение 3