Откровение 22:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Потоа ангелот ми рече: „Ова што ти го кажувам е вистина и ќе се оствари. Господ Бог, Кој на Своите пророци им открива што ќе се случи во иднината, испрати Свој ангел за да им објави на Своите следбеници што ќе се случи во скорашно време.“

7. Исус порачува: „Очекувајте Ме, зашто брзо ќе се вратам! Благословен ќе биде секој што се придржува до напишаното во оваа пророчка книга!“

8. Јас, Јован, го чув и го видов сето ова. Откако го ислушав и видов сето ова паднав ничкум пред нозете на ангелот што ми го беше покажал сето ова, со намера да му се поклонам.

Откровение 22