Откровение 22:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. А ако некој одземе нешто од пророчките објави во оваа книга Бог ќе му го одземе правото на пристап до Дрвото на животот и до Светиот град, опишани во оваа книга.

20. Оној што гарантира за вистинитоста на сето ова ни порачува: „Наскоро ќе се вратам!“ Амин! Дојди, Господе Исусе!

21. Господ Исус нека биде милостиво благонаклонет спрема сите вас.

Откровение 22