Откровение 22:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Духот и Невестата велат: „Дојди!“ И секој што ќе го слуша ова, треба да рече: „Дојди!“ И секој што е жеден нека дојде и секој што сака нека повели и нека земе од бесплатната животодавна вода.

18. А испраќам и предупредување до секој што ќе ги чуе пророштвата запишани во оваа книга: Никој ништо да не додава кон ова, зашто на таквиот Бог ќе му ги додаде сите казни опишани во оваа книга!

19. А ако некој одземе нешто од пророчките објави во оваа книга Бог ќе му го одземе правото на пристап до Дрвото на животот и до Светиот град, опишани во оваа книга.

20. Оној што гарантира за вистинитоста на сето ова ни порачува: „Наскоро ќе се вратам!“ Амин! Дојди, Господе Исусе!

21. Господ Исус нека биде милостиво благонаклонет спрема сите вас.

Откровение 22